Дарко Глишиќ и Ристе Јанков нови засилувања за Македонија ЃП

Новиот прволигаш Македонија ЃП полека ги консолидира редовите за идната сезона, во која главна цел ќе биде битката за опстанокот во ПМФЛ. Тимот од Ѓорче Петров се раздели со неколкумина играчи, меѓу кои и искусниот Крсте Велкоски.

Затоа во таборот на ѓорчепетровци се приклучуваат две нови имиња. Станува збор за искусните Дарко Глишиќ и голманот Ристе Јанков. Глишиќ доаѓа од екипата на Гостивар, додека Јанков во изминатата сезона беше дел од Тиквеш, и доаѓа како засилување на голманската позиција, каде што Македонија ЃП ги има уште и Андреја Ефремов и младиот Давид Стојановиќ.

Екипата вчера и официјално ги стартуваше подготовките, а во следните денови ќе биде познато уште кои засилувања ќе пристигнат во тимот, а кои и официјално ќе го напуштат некогашниот првак и освојувач на Куп трофеј.

Се вчитува...