Мециновиќ ја засили одбраната на Работнички

Јасмин Мециновиќ е најново име во таборот на Работнички откако скопскиот прволигаш реши да реагира и да ја засили одбранбената линија пред претстојните предизвици во европските купови.

„Романтичарите“ одиграа потпросечни на последните контролни натпревари, што беше причина за ново активирање на пазарот откако претходно беа ангажирани Кадриу и Асани од Шкупи, како и босанскиот интернационалец Амир Велиќ.

Мециновиќ во последните денови тренираше со тимот на Работнички, а со прикажаното очигледно стори доволно за да биде потпишан договор и да може да настапува за скопскиот тим на претстојниот квалификациски двомеч од Конференциската лига против Торпедо од Белорусија.

Последен клуб на 34-годишниот дефанзивец во Македонија му беше Вардар, а Мециновиќ во текот на својата богата кариера има настапувано и за Беса, Скопје, Пелистер, Струга, Ренова, Македонија ЃП….

Се вчитува...