Работнички потпиша и со Велкоски

Екипата на Работнички се активира на пазарот во пресрет на европскиот настап летово, па нецели 24 часа откако беше официјализиран трансферот на Мециновиќ, попладнево беше објавено дека „романтичарите“ ангажираат уште еден одбранбен фудбалер.

Станува збор за Виктор Велкоски, 29-годишниот дефанзивец кој денеска потпиша договор со Работнички, враќајќи се во мак-фудбалот откако ланската сезона ја мина во дресот на Туран во шампионатот на Казахстан.

 

Се вчитува...