Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар официјализираше уште едно засилување пред настапот во квалификациите во Конференциската лига.
Се работи за Ибрахим Олаосебикан кој во Вардар доаѓа од редовите на АП Брера.
Нигерискиот офанзивен фудбалер за врска минатата сезона во дресот на струмичани одигра 28 натпревари во кои постигна еден гол и подели четири асистенции.
Пред Брера тој играше за литванските Судува и Хегелман, додека кариерата ја започнал во екипата на Реал Сафире од Нигерија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

