Скандал на „Тур д Франс“ – украдени 11 велосипеди

Одржувањето на „Тур д Франс“ секоја година е главен настан во светот на велосипедизмот, но денеска доаѓа шокантна информација поврзана со ова натпреварување.

Имено, француската екипа Кофидис објави дека останала без 11 велосипеди, кои биле украдени непосредно пред почетокот на втората етапа од трката.

Велосипедите се украдени од камионот паркиран 150 метри од хотелот крај аеродромот во Лил, каде престојуваа сите членови на оваа екипа.

„Вратата на камионот е скршена и 11-те велеосипеди се украдени и покрај сигурносните мерки што ги презедовме“, се вели во соопштението на „Кофидис“.

Секој велосипед чини околу 13.000 евра, па вкупната штета изнесува на 140.000 евра. Челниците на тимот сепак успеаја да најдат доволно велосипеди за оваа екипа да може да учествува во втората етапа долга 209 километри, од Ловин – Планк до Булоњ.

Се вчитува...