Авганистанецот Аскар во дефанзивата на Башкими

Хабибула Аскар е нов дефанзивец на Башкими. Станува збор за лев бек од Авганистан, кој во Куманово доаѓа од екипата на Воска Спорт, каде настапуваше во изминатата сезона.

Тој е актуелен репрезентативец на Авганистан, со шест настапи за својата земја. Игра на позицијата лев бек, а може да дејствува и како последен играч за врска. Доаѓа како слободен агент, откако екипата на Воска ги распушти сите играчи поради предвременото откажување од лигата.

Аскар кој има и шведски пасош, во минатото настапуваше во неколку шведски клубови, главно од пониските лиги. Минатта сезона во Првата лига настапи на 10 натпревари за тимот на Воска.

Се вчитува...