Како што стојат работите, легендарниот шпански кошаркар Серхио Жил и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Иако наскоро наполнува 38 години, шпанскиот плејмејкер нема намера да ја заврши кариерата.
Според „Марка“, поранешниот шпански репрезентативец почнал преговори за нов договор со „кралевите“ со што ќе биде капитен на тимот како до сега.
Реал направи многу промени, пред сè на клупата, каде наместо Чус Матео, на клупата на кралскиот клуб ќе седи Серхио Скариоло, додека на позицијата спортски директор ќе биде легендарниот Серхио Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

