СРАМНО – Легендите на македонскиот фудбал, Митко Стојковски и Ванчо Мицевски: „Да го е..м цело Скопје, и вашата држава!“

Крајно невкусен, во најмала рака срамен, видео-материјал кружи низ македонскиот интернет-простор а во кој се вклучени едни од најславните имиња на македонскиот фудбал.

На социјалните мрежи се споделува видео од довчерашните членови на раководството на ФК Пелистер и македонски фудбалски легенди, Митко Стојковски и Ванчо Мицевски, со порака која е далеку од содветна за препознатливите македонски спортски имиња.

„Да ви е..м мајката. Да го е..м цело Скопје, и вашата држава“ – е дел од пораката низ песна, која ја упатуваат Стојковски и Мицевски, во очигледно опуштена атмосфера заедно со свои пријатели. Порака, веројатно која соодејствува на најзагреаните пооделни навивачки групи, но сигурно далеку од пристојно за едни од омилените македонски фудбалери и репрезентативци од минатото.

Сето ова наидува на бројни реакции од искрени љубители на фудбалот, за кои е крајно изненадувачко однесувањето на Стојковски и Мицевски…

Се вчитува...