Пелистер го промовираше Србинот Ристиќ како свое ново засилување (ФОТО)

Пелистер и официјално промовираше свое ново засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, во името на 25-годишниот Петар Ристиќ.

Српскиот интернационалец Ристиќ, кој ќе го засили средниот ред на битолчани, досега во својата кариера играл за Трајал Крушевац, Мачва, Радник, Раднички Ниш и Јагодина во српските шампионати.

Со Пелистер потпиша едногодишен договор.

Се вчитува...