Мартин Талаков е ново засилување за „лавовите“

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров вечерва официјализираше ново засилување за новата сезона.

Се работи за Мартин Талаков кој во Ѓорче Петров доаѓа како големо засилување за новата сезона во ПМФЛ.

23-годишниот фудбалер претходно во кариерата играше за: Подбрезова, Жилина, Академија Пандев и Борец, а беше и младински репрезентативец на Македонија.

Се вчитува...