Ново-стариот прволигаш Македонија ЃП ги засили своите редови со играчот од средниот ред Мухамед Елмас. 19-годишниот Елмас важи за еден од најдобрите македонски таленти. Тој доаѓа од екипата на Гостивар како слободен агент, и покрај тоа што Гостивар плати отштета на Работнички кога го ангажираше.
Со ова „лавовите“ добиваат сериозно засилување за остварување на своите амбиции. Елмас е младински репрезентативец, а минал низ помладите селекции на Македонија.
Претходно Македонија ЃП го промовираше и искусниот Дарко Глишиќ, како и Мартин Талаков, а во следните денови се очекува промоција и на Ристе Јанков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

