Македонија ЃП го промовираше и голманот Ристе Јанков (ФОТО)

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП промовираше уште едно засилување за идната сезона.

Тимот од Ѓорче Петров се раздели со неколкумина играчи, меѓу кои и искусниот Крсте Велкоски, но „црвено-жолтите“ деновиве нижат нови имиња во својот тим. По ангажманот на Мухамед Елмас, Мартин Талаков и Дарко Глишиќ, „лавовите“ официјално го промовираа како свое засилување и голманот Ристе Јанков.

Јанков во изминатата сезона беше дел од Тиквеш, и доаѓа како засилување на голманската позиција, каде што Македонија ЃП ги има уште и Андреја Ефремов и младиот Давид Стојановиќ.

Се вчитува...