Башкими официјализираше уште две засилувања за ПМФЛ

Фудбалскиот клуб Башкими го претстави најновото засилување во името на Иса Адекунле, напаѓач од Нигерија, кој пристигнува со значајно европско искуство стекнато во најсилната словачка лига.

„Адекунле се одликува со извонредна брзина, прецизни дриблинзи и инстинкт за постигнување голови, што го прави идеално решение за динамичен и ефикасен напад“, велат од Башкими.

Тој доаѓа од словачкиот клуб Михаловце и е подготвен да направи разлика во зеленo-црниот дрес на Башкими.

Нов фудбалер на Башкими е и репрезентативецот на Афганистан, Мосафер Ахади, а во Куманово доаѓа од фински Јапс.

Се вчитува...