Македонските фудбалски прволигаши кои што не играат летово во Европа, полека почнуваат со подготовките за новата сезона во ПМФЛ.
Денеска контролен натпревар одиграа Пелистер и Струга Трим и Лум во кој стружани беа подобри славејќи со 1-3. Стрелци на головите за Струга беа Радески, Зенку и Османи, додека единствениот погодок за битолчани го постигна Ивановски.
И двата тима продолжуваат со подготовките за новата сезона во која влегуваат со големи амбиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

