„Забранете им на НБА ветерани да играат на Олимписките игри“

Поранешниот сопственик на Далас Маверикс, Марк Кубан верува дека НБА ветераните не треба да ризикуваат повреда настапувајќи на Олимписките игри, место каде што не заработуваат пари и на ова натпреварување треба шанса да добијат млади кошаркари.

„Се жалев за тоа секоја година. Момци одат и играат на Олимпијада, но пари прават НБЦ, ИОК, па дури и ФИБА, а ние ги даваме сите овие кошаркари без пари и имаат можност да се повредат. Сега, немало некоја драматична повреда, но се што треба да знаете е дека ако некој е слободен агент и се повреди, нема да игра, нели?“, започнува Кубан.

Американецот верува дека треба да се следи примерот од фудбалот каде настан со поголема тежина е Светското првенство.

„Во фудбал Олипијадата е за играчи до 21 или 22 години, додека Светското првенство е поголемиот настан. Да го направиме истото. Дајте им шанса на помладите и да направиме едно наше Светско првенство. Замислете колку пари може да се направи од ваков настан и колку можат да заработат играчите“, додава поранешниот сопственик на Далас.

Се вчитува...