Башкими го промовираше Есмин Личина (ВИДЕО)

Есмин Личина е најновото засилување за повратникот во елитниот македонски фудбал откако денеска официјално беше промовиран како нов фудбалер на Башкими.

Личина се сели во Куманово како слободен агент откако му истече договорот со Шкупи и носи богато прволигашко искуство откако претходно беше дел од Македонија ЃП, Скопје и Вардар.

Има и меѓународно искуство во косовскиот шампионат каде настапуваше за Малишева.

Се вчитува...