Македонија има четири претставници на Европското првенство за младинци што се одржува во Чешка од 11 јули па се до 20 јули, информираат од Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.
Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија У15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија У19 ќе ги бранат боите на Македонија на овој континентален собир.
Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во двојки и мешани двојки и настапот ќе го започнат на 16 Јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. На Европското претходеа подготовки на репрезентативците со селекторот Милош Миленковиќ.
Македонија секогаш има место на најголемите меѓународни, европски натпреварувања и учеството на младите таленти значи вложување во нашето меѓународното претставување и напредок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

