Србија добива НБА засилување на Евробаскетот

Српската кошаркарска репрезентација наскоро добива НБА засилување судејќи по информациите на грчкиот портал „Газета“.

Станува збор за Тристан Вукчевиќ, поранешниот кошаркар на Партизан, а сегашен на Вашингтон Визардс кој бираше помеѓу четири репрезентации, а на крајот ја одбра онаа на северниот сосед.

Вучкевиќ бираше помеѓу Грција, земјата каде што израсна, Шведска од каде потекло има неговата мајка, Италија, земјата во која е роден или Србија од каде е новиот татко Душан, поранешниот кошаркар.

Крилниот центар се очекува наскоро да пристигне во Белград каде ќе работи индивидуално со двете српски НБА ѕвезди, Богдан Богдановиќ и Никола Јокиќ.

Се вчитува...