Десетмина на првиот собир – За кого? За Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски го одржа првиот тренинг со националниот тим на кој присутни беа 10 од повикани 27 кошаркари на неговиот поширок список.

Атмосферата во тимот е позитивна, па иако значително подмладени „црвено-жолтите“ веруваат во добри игри и позитивни резултати со Романија и Унгарија.

Проблемите се очигледни, но сите се решени да го покажат најдоброто од себе, да се стават во служба на колективот и сите заедно да започнат нова успешна приказна наречена кошаркарска репрезентација на Македонија.

Кон крајот на неделата репрезентацијата се сели на подготовки во Гевгелија каде ќе се приклучат уште неколку кошаркари, ќе добиеме на квалитет и ќе се оформи костурот кој ќе го носи товарот во овие претквалификации.

Се вчитува...