Тиквеш официјално го промовираше Ивановски (ФОТО)

Подготвувајќи се за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Тиквеш и официјално го промовираше своето најново засилување, Иван Ивановски.

29-годишниот Ивановски повторно се враќа во редовите на кавадаречкиот тим каде вистински беше афирмиран, а претходно има настапи и за Силекс и Гостивар во домашното првенство, како и за Звјезда во БиХ.

Минатата сезона настапуваше за Гостивар, од каде сега доаѓа во Кавадарци.

Се вчитува...