Освојувачот на трофејот од ЕХФ Европскиот куп, екипата на Алкалоид немаше среќа во ждрепката за новата европска сезона, сега во второто квалитативно натпреварување, Лигата на Европа.
Алкалоид за противник во квалификациското коло на денешната ждрепка го доби бундеслигашот Хановер, кој беше и најтешкиот можен ривал.
Составот на Кире Лазаров првиот натпревар ќе го игра на гостински терен, додека реваншот ќе биде во Скопје.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 30/31 август, додека вторите дуели ќе се одиграат на 6/7 септември. Покрај Алкалоид, македонски претставник кој доби директно место во Лигата на Европа во новата сезона е Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

