Струга ТЛ продолжува со ангажманот на нови фудбалери откако поранешниот првак на Македонија денеска официјализираше уште еден трансфер.
Младиот 21-годишен дефанзивец Едвин Османи е нов член на стружани, по потписот на тригодишниот договор со овој македонски прволигаш. Станува збор за млад играч кој е роден во Македонија, но фудбалските чекори ги прави во Швајцарија, најпрвин во младинската школа на Цирих, а потоа во нисколигашите ИФ Јувентус 2 и Хонг.
„Продолжуваме да работиме на развој и промоција на млади фудбалери, долгорочно размислувајќи за иднината на клубот. Затоа и решивме да му понудиме договор на Османи, веруваме во неговите квалитети и убедени сме дека ќе биде иновација во македонскиот шампионат“, изјави спортскиот директор на Струга ТЛ, Бесарт Исаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

