Македонија со четири претставници, Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија У-15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија У-19 учествува на Европското првенство во пинг-понг кое во моментов се одржува во Чешка.
Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во двојки и мешани двојки и настапот ќе го започнат денеска, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. На Европското првенство претходеа подготовки на репрезентативците со селекторот Милош Миленковиќ.
„Македонија секогаш има место на најголемите меѓународни, европски натпреварувања и учеството на младите таленти значи вложување во нашето меѓународното претставување и напредок“ – порачуваат од Пингпонгарската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

