Андреј Андоноски е дела од онаа генерација на играчи родени 2002 година која го „турка“ оној, природен процес, поминувањето низ сите оние репрезентативни фази на „созревање“, до онаа крајна цел – настапи и за сениорската репрезентација на Македонија.
Тој е еден од десетмината кои од првиот ден на подготовките му се ставија на располагање на селекторот Илиевски, борејќи се за место на финалниот список на играчи за пресметките со селекциите на Унгарија и на Романија.
„Повеќето од нас добро се знаеме, имаме играно заедно, како во младинските репрезентации, така и во сениорската. Оттука сметам дека тие два контролни натпревари ќе ни бидат добредојдени, за да се подготвиме подобро, и да влеземе што посилно во битните дуели“ – смета Андоноски, кој ќе треба да пополни дел од оние „внатрешни позиции“ во нашиот национален тим на оние четири натпревари од претквалификациите за место во главниот дел – квалификациите за Светскиот шампионат во 2027 година.
Тој верува дека сите заедно ќе сторат се за процесот на смена на генерации да мине што побезболно и да се остварат добри резултати во периодот што следи.
„Ќе дадеме се од себе. Јас лично како играч, а сигурен сум и дека сите мои соиграчи кои што се тука, исто така. Тоа што репрезентацијата е подмладена, е еден природен чекор кој што доаѓа со времето. И сите сме спремни за тоа. Подготвени сме за да го издржиме притисокот кој со себе го носат наредните предизвици“, оптимист е Андонос
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

