КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Струга ремизираше со српски Крушевац, Арсими подобар од АП Брера

Македонските фудбалски тимови кои не играат во европските натпреварувања продолжуваат со контролните средби пресрет новата сезона во ПМФЛ.

Двократниот македонски шампион Струга Трим Лум денеска одигра без победник 2-2 против српскиот Трајал Крушевац. Србите поведоа со 0-1, по што следуваа два гола на стружани за целосен пресврт 2-1. Сепак, македонскиот прволигаш не успеа да издржи до крајот па српскиот тим успеа да стигне до реми 2-2.

Арсими славеше со 3-0 против АП Брера. Стрелци на головите за новиот македонски прволигаш беа: Бесагиќ, Белули и Игнатов.

Се вчитува...