Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Башкими продолжува со составувањето на тимот за новата сезона во мак-фудбалот.
Вечерва тимот од Куманово го претстави искусниот Абдулхади Јахја. 26-годишникот минатата сезона ја мина во екипата на Воска спорт.
Претходно во кариерата настапуваше и за: Струга ТЛ, Еуромилк и Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

