Големо засилување: Зејнулаи ја избра Шкендија

Шкендија по пласманот во следната квалификациска рунда успеа да осигура уште еден значаен потпис, враќајќи го во своите редови Арбин Зејнулаи.

Станува збор за 26-годишен играч за врска кој е продукт на младинската школа на Шкендија, а имаше и одлични настапи за овој тим, станувајќи и најмлад стрелец за Шкендија во европските натпреварувања кога стрелаше прецизно против Дачија во 2017 година.

Тој во 2021 си замина од таборот на тетовци, имаше кратки авантури во Локомотива Загреб и во Работнички, по што се пресели во албанскиот клуб Егнација, каде три сезони беше меѓу најдобрите фудбалери во тимот.

„За неговите услуги се интересираа бројни клубови, но Зејнулаи ја избра токму Шкендија, тимот каде што и ја почна својата кариера. Ние ќе сториме се за да го регистрираме навреме за настап во второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите“, објави македонскиот првак.

Се вчитува...