„Лавовите“ го промовираа и босанскиот напаѓач Рамиќ (ФОТО)

Македонија ЃП за новата сезона како свое засилување го промовираше и искусниот напаѓач од БиХ, Мирсад Рамиќ.

Рамиќ веќе се приклучи на подготовките на „лавовите“ во Охрид. 32-годишниот офанзивец во Ѓорче Петров доаѓа од екипата на Игман Коњиќ.  Претходно играл и за Железничар, Тузла Сити, ГОШК Габела, Звјезда Градачац, Травник.

Претходно Македонија ЃП, како свои нови засилувања ги промовираше и Ристе Јанков на голот, како и Мартин Талаков и Мухамед Елмас.

Се вчитува...