РК Вардар ги доби противниците во Лигата на Европа

Двократниот европски шампион Вардар денеска во Виена ги доби противниците за новата сезона во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.

Црвено-црните добија група по мерка па за противници ќе ги имаат шведскиот Крисријанштад, француски Тулуз како и подобриот од хрватскиот дуел Сесвете – Дугосело.

Доколку Алкалоид некако успеа да го помине големиот фаворит Хановер во групната фаза ќе игра против Фредериција, Татран Прешов и подобриот од дуелот меѓу Савехоф и Малме.

Најдобрите две екипи од секоја група одат во следната фаза.

Се вчитува...