Емотивно: Легендите го испратија Теодосиќ во пензија – фала ти за сите прекрасни моменти (видео)

Милош Теодосиќ и официјално заминува во играчка пензија, а дел од српските кошаркарски и спортски легенди преку видео-пораки му се заблагодарија на легендарниот плејмејкер за се она што го стори за кошарката во татковината.

„Добредојде во клубот… Да знаеш се е супер, се е лабаво, опуштено… но недостигаат натпреварите, тренинзите, подготовките… недостига екипата, другарите, спомените“, порача Стефан Марковиќ, кој настапуваше крај Тео и на клупски план и во српската репрезентација.

„Ти благодарам за се што направи за репрезентацијата, за мене лично… Знаеш колку те ценам и почитувам, колку му значиш како брат, капитен и како пријател“, се надоврза капитенот на српската репрезентација“, Богдан Богдановиќ.

Никола Јокиќ, во свој стил, кратко и јасно со порака до Милош.

„Капитену, среќен крај на кариерата, се најдобро во иднината и само да знаеш – заминуваш меѓу легендите“.

Своја порака до Теодосиќ во оваа видео-компилација испрати и најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

„Тео брате мој! Ти благодарем за сите години претставување на Србија, за сите врвни натпревари и се што даде на нашата земја. Те сакаат твоите, се гледаме наскоро“, порача Новак Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E.T. (@e.t._basket)

Се вчитува...