Србија ќе игра во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо, откако во четвртфиналната пресметка убедливо славеше против селекцијата на САД со 14-9.
Србите беа далеку подобри уште од самиот старт на мечот, добивајќи ја првата четвртина со 3-1. Потоа следеше ново водство и за 6-3 на полувремето. А потоа нов одличен период за Србите по кој во последната четвртина влегоа со предност од 10-5, на крај и за убедлив триумф од 14-9.
Грција го приреди најголемото изненадување во четвртфиналето, триумфирајќи против Италија убедливо со 17-11.
Место во полуфиналето очекувано обезбеди и Шпанија која убедливо со 14-5 ја победи Црна Гора.
Грција и Шпанија ќе играат во второто полуфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

