Грција без важен центар на Евробаскет

Дел од репрезентацијата на Грција на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи од крајот на месец август и месец септември нема да биде центарот Георги Папајанис кој го одби повикот на селекторот Василис Спанулис поради лични причини кои дополнително треба да ги образложи.

Отказот на Папајанис доаѓа по скромната сезона во Монако каде имаше лимитирана минутажа токму вод водство на Василис Спанулис по што го напушти францускиот клуб и се пресели во редовите на Ефес.

Грција сега мора да бара принудно решение во Антонис Карагианидис, Костас Адетокумпо и Евангелос Зоугис.

Се вчитува...