Унгарија и Шпанија во финалето од СП во ватерполо

Рeпрезентациите на Унгарија и на Шпанија ќе се сретнат во големото финале од Светското првенство во ватерполо што се одржува во Сингапур, откако во денешните полуфинални дуели беа подобри од своите ривали Србија, односно Грција.

Унгарците во четвртфиналето го декласираа актуелниот светски првак Хрватска, а во сличен стил одиграа и во голем дел од денешното полуфинале со Србија, славејќи со конечни 19-18. Унгарија имаше 6-3 во првиот период, Србија успеа да се врати, за момент и да поведе, по што на одмор се замина со израмнети 8-8. Пресудна беше третата четвртина во која унгарските ватерполисти постигнаа дури осум погодоци, стигнувајќи до огромна предност. Србите не се откажаа, па на помалку од две минути до крајот намалија на само еден гол негатива (18-17). Вигвари беше унгарскиот херој постигнувајќи го клучниот гол за 19-17, по што Србите ја погодија гредата, па Унгарија на крајот го доби ова полуфинале со конечни .

Многу подраматично беше на првиот полуфинален дуел меѓу Шпанија и Грција на кој нашиот јужен сосед беше на чекор до финалето, но прими гол во последната секунда (стрелец беше Мунариз) za 7-7. Тоа беше прв гол на Шпанците по пауза од цели 19 минути, сосема доволно за мечот да биде одведен во пенал-завршница во која „црвената фурија“ беше подобра и триумфираше со конечните 11-9.

Се вчитува...