ЕМОФ 2025: Голема победа на 3х3 кошаркарките над Литванија

Женската репрезентација во Баскет 3х3 ја донесе првата победа на Македонија на ЕМОФ 2025, откако нашите млади кошаркарки по голема борба славеа над селекцијата на Литванија со 14-11.

Македонија настапи во состав Јана Кукунешоска, Дора Алексова, Лара Малиновска и Теодора Мариновска, четирите репрезентативки кои покажаа одлична игра и бодрени од навивачите на теренот пред „Ист гејт мол“ стигнаа до голема победа.

Одбраната и тимскиот дух беа клучни за големата победа, додека во нападот Мариновска постигна пет поени, по четири пати реализираа Малиновска и Кукунешоска, додека Алексова еднаш се запиша меѓу стрелците.

Следен предизвик за нашата репрезентација во 3х3 ќе биде дуел со Германија, селекција што во првото коло ја декласираше Словенија со 21-12.

Се вчитува...