Шумахер се предомисли: Верстапен нема да оди во Мерцедес!?

Ралф Шумахер, поранешниот возач на Формула 1, повторно зборуваше за потенцијалниот трансфер на Макс Верстапен од Ред Бул во Мерцедес. Шумахер неколку пати истакна дека Макс Верстапен дефинитивно е новиот возач на Мерцедес, но одредени работи се променија и сега сценариото изгледа поинаку.

Таа промена не е мала – тоа е отпуштањето на Кристијан Хорнер и сега Макс малку ја одложи својата одлука да го напушти Ред Бул.

И Џорџ Расел тврдеше дека Тото Волф и Макс Верстапен се во контакт речиси секој ден иако има договор до 2028 година, па тандемот Верстапен – Расел може да се види во Мерцедес. Конфликтите меѓу Хорнер и таткото на Верстапен, Јос Верстапен, дополнително ја влошија атмосферата, а тензиите во тимот пораснаа.

Но, откако Хорнер беше отпуштен од функцијата тимски шеф и извршен директор на Ред Бул Рејсинг по Големата награда на Велика Британија и заменет од Лоран Макис од Рејсинг Булс, она што Ралф Шумахер претходно го опиша како „безбеден трансфер во Мерцедес“ сега, според неговите зборови, се претвори во „широко отворена“ ситуација.

„Мислам дека Ред Бул направи фантастичен потег со доведувањето на Макис и започна некои работи во тимот. Можеме да чуеме дека расположението значително се промени за кратко време. Не смееме да заборавиме дека Макс Верстапен е во истиот тим целата своја кариера и сè му должи на Ред Бул. Можеби не сака да си оди. Ако сè е во ред во тој тим, сигурно ќе се праша зошто би ја сменил средината. Не верувам дека сака да си оди. Ситуацијата го доведе до тоа затоа што неговиот болид не беше толку добар како во претходните години, а атмосферата во тимот одеднаш стана лоша. Гледајќи ги работите од тој агол, ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи.“

Ралф верува дека Верстапен сакал Хорнер да си замине поради сè што се случи во Ред Бул.

„Отказот на Хорнер дефинитивно беше фактор, но мислам дека сè ќе беше поинаку ако имаше успех. Ситуацијата е многу комплицирана и тие донесоа многу лоши одлуки. Тоа го доведе Макс во ситуација да каже дека не се гледа себеси во Ред Бул во годините што доаѓаат и да слуша понуди од други тимови. Хорнер беше задолжен и одговорен за тоа, тој ја одреди судбината и едноставно мора да се каже“, вели Шумахер.

Се вчитува...