Хрватска го освои својот прв златен медал на летниот Европски младински олимписки фестивал (EYOF) во Скопјe. На четвртиот ден од натпреварувањето, за неа се погрижи стрелецот Тома Тадиќ, кој ја потврди улогата на фаворит со најдобриот настап во првиот дел од натпреварувањето во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.
Утрото, Тадиќ остана без тренер кој итно замина за Франција, но тоа не го спречи да остане силен и со одлична концентрација во финалниот натпревар. Тој ја задржаа почетната предност во финалниот натпревар, беше подобар од претставникот на Босна и Херцеговина, Амир Мемишевиќ. Гркот Константинос Соволос го освои бронзениот медал.
„Среќен сум што ѝ го донесов на Хрватска првиот златен медал тука, во Скопјe. Се надевам дека не е последен на ова натпреварување, а верувам и дека ќе има уште во мојата кариера“, рече Тадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

