Неповторливиот кечер и голема ѕвезда Халк Хоган почина на 71-годишна возраст откако доживеа срцев удар, објави американскиот таблоид „TMZ“.
Итна помош беше повикана во домот на американската легенда во Клирвотер, Флорида, во раните утрински часови, а операторите изјавија дека станува збор за „срцев застој“. Според достапните информации, неколку полициски возила и амбулантни возила биле паркирани пред куќата на Хоган, а легендарниот кечер бил изнесен на носилка и префрлен во амбулантно возило.
Само пред неколку недели, неговата сопруга Скај ги негираше гласините дека Хоган е во кома, велејќи дека неговото „срце е силно“ и дека добро се опоравува од операцијата.
Сепак, на 24 јули 2025 година беше потврдена смртта на една од најголемите легенди на американската спортска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

