Словенија во огромни проблеми: Без уште една ѕвезда на Евробаскет

Словенечката кошаркарска репрезентација ќе биде значително ослабена на престојниот Евробаскет. По отказот на Влатко Чанчар, Словенците добија уште еден отказ и на шампионатот ќе настапат без натурализиран американски кошаркар.

Дел од репрезентацијата нема да биде Џош Нибо, експлозивниот висок кошаркар кој ја пропушти речиси целата сезона поради скршеница на раката. Тој не е во натпреварувачки ритам, особено за еден турнир како европскиот шампионат па нема да има место во репрезентацијата, пренесуваат словенечките медиуми.

Со овој отказ Словенија останува без ѕвезда под обрачите, но постои опција да има натурализиран кошаркар во името на Ален Омиќ. Центарот добри познат во АВА лигата во поголемиот дел од кариерата настапуваше во Словенија, но не се смета за домашен кошаркар со оглед на тоа што поседува и пасош на Босна и Херцеговина и во минатото не настапуваше за словенечките младински селекции.

Се вчитува...