Поширокиот список на кој се најдоа 17 ѕвездени имиња на кои ќе смета селекторот Светислав Пешиќ на престојниот Евробаскет предизвика голема возбуда во кошаркарската јавност кај Србија со голема амбиција да биде освоен златниот медал.
Златен медал за крај на кариерата ќе биде желба и на Стефан Јовиќ, искусниот плејмејкер кој објави дека настапите на првенството кое ќе се одржи од крајот на месец август до средина на месец септември ќе биде последен во неговата репрезентативна кариера.
„Ни беше интерна шега дека ова ќе биде „Последен танц“, но по сите приватни работи поради кои не можев да бидам во тимот, секако по разговор со селекторот и капитенот донесов одлука дека оваа година ќе биде последна за мене. Пресреќен сум што повторно ќе играм со овие момци, едвај чекам“, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

