Еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња, Рони О’Саливен по сезона во која не успеа да освои ниту еден трофеј е подготвен за настап на мастерсот во Шангај каде уште една легенда на спортот, Стивен Хендри верува дека Англичанецот се уште има што да докаже.
О’Саливен и Хендри се изедначени по бројот на освоени светски титули во модерната епоха, а и покрај тоа што се „ривали“ еден за друг имаат големо мислење.
„Не играше минатата сезона, а неговите партии на Светското првенство се бледа сенка од тоа што е Рони, тоа е преочигледно. Дали ќе се врати и привикне? Порано велеше дека му се потребни пет години за адаптација, дека ќе даде се од себе и ќе види што ќе направи“, изјави Хендри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

