Македонскиот кошаркарски прволигаш Тиквеш продолжува со составување на тимот за сезоната 2025/26. По продолжувањето на соработката за капитенот Тодор Златев, кавадарчани промовираа две нови засилувања и ја продолжија соработката со тројца.
Илија Мирков, Стеван Глигоријевиќ и Христијан Несторовски и во новата сезона ќе бидат дел од „црвено-белите“, а за прв пат во кавадаречкиот состав ќе заиграат Благој Димитриев и Американецот Крис Дес.
Димитриев во редовите на Тиквеш пристигнува од Феникс каде ги помина последните две сезони и со себе носи и богато искуство бидејќи крилниот центар претходно настапуваше и за Пелистер, Струмица и Охрид.
Дес пак ја покрива бековската позиција и македонското првенство ќе му биде прв интернационален предизвик во кариерата по настапот за Универзитетот Емануел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

