Голема трагедија се случи во Менхетен, Њујорк каде напаѓач усмрти четири личности при напад во зградата во кое е седиштето на Националната фудбалска лига (НФЛ).
Полицијата верува дека цел на напаѓачот Шејн Тамура било седиштето на НФЛ, но не успеал во намерата бидејќи го згрешил лифтот во зградата. Мотивот биле проблемите со менталното здравје, нешто што е актуелно во овој спорт со бројни случај за оштетување на мозокот од постојаните контакти.
Дваесетиседумгодишниот напаѓач им подлегнал на повредите за кои по проценката на надлежните органи самиот си ги задал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

