Македонскиот фудбалски шампион Шкендија има 1-1 на полувреме на гостувањето кај Стеауа Букурешт во натпревар од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Први на натпреварот се заканија домаќините во 10. минута кога од непосредна близина новата аквизиција на Романците, Бирлигеа стрелаше со глава, но топката помина над голот на нашиот голман Гаје.
Само четири минути подоцна нашиот шампион се закани откако по една полуконтра одлично се снајде Бесарт Ибраими, но малку фалеше да ја затресе мрежата на противникот.
По неколку неискористени полушанси на двете страни, домаќините успеаја да стигнат до водство од 1-0 преку Чисоти во 28. минута. Сепак, само пет минути подоцна тетовци успеаја да ја вратат предноста во двомечот, откако по еден карамбол во противничкиот шеснаесетник Љатифи се снајде најдобро за 1-1.
За потсетување, на првиот меч одигран на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија славеше со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

