Македонскиот фудбалски шампион Шкендија испиша историја откако стана само вториот тим во нашата независност кој успеал да обезбеди европска есен. Тетовци вечерва славеа и на гостувањето во Букурешт кај ФЦСБ овојпат со 1-2 и со тоа и дефинитивно обезбедија лигашки дел во едно од трите натпреварувања во Европа.
По натпреварот со изјава повторно излезе контроверзниот сопственик на клубот од Романија, Џиџи Бекали.
„Честитки до ривалот. Нема повеќе да зборувам за фудбалот. Нема да зборувам три, четири, пет месеци. Срам ми е од тоа што се случи. Не ме барајте повеќе. Не сакам да зборувам. Морам да ја затворам устата веднаш“, кажа Бекали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

