Кошаркарската репрезентација на прием кај градоначалникот на Куманово (фото)

Се приближува 2 август како датум на кој нашата кошаркарска селекција ќе ги почне претквалификациите за СП 2027 во Куманово, со домашниот дуел против Романија кој воедно ќе значи и свечено отворање на реновираната сала во Куманово.

Одморот помеѓу двата тренинга во Куманово, македонската селекција го искористи за краток прием во кабинетот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Нашиот сениорски тим, стручниот штаб, предводени од претседателот на федерацијата, Томе Главчев, во доста релаксирана атмосфера, порачаа дека од првиот до последниот човек во тимот, ќе се борат, да дојдат до првата победа во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

Се вчитува...