Луда приказна за Јокиќ: Не му е галје за кошарка, не му се важни ни 300 милиони… сакал да се пензионира

Поранешниот соигач на Никола Јокиќ во Денвер, Демаркус Казанс откри интересна приказна поврзана со српската кошаркарска ѕвезда кој размислувал да се повлече од кошарката пред потпишување на нов богат договор со клубот од Колорадо.

Како што вели Американецот, Јокиќ размислувал да одбие нов договор од Денвер вреден 273 милиони долари по крајот на сезоната 2022/23 и да се пензионира.

„Ако некогаш имате шанса само да разговарате со него, и тој ви каже малку за себе, навистина не му е гајле за ова срање. Не го интересира. Воопшто. Ова е како негова втора или трета омилена работа. Можеби трета или четврта. Во повеќето натпревари, кога ги постигнува овие луди статистики, веројатно дури и не сака да биде таму. И тоа е страшниот дел од сето тоа“, изјави Казанс на американски подкаст.

„Кога бев со Денвер, нашите шкафчиња беа еден до друг. И не се сеќавам кој во тоа време потпиша нов договор, но јас си реков: „Таков и таков потпиша за овие пари, твојот ќе биде луд“ Тој рече: „Знаеш Каз, искрено мислам дека можеби ќе се пензионирам по овој договор“ Реков: „Да оставиш 300 милиони долари на маса? Човече, си полудел од памет човече“ Реков: „Потпиши го договорот и во најлош случај здебели се, не ги пропуштај 300-те милиони долари брате“ 

Се вчитува...