Микал Бриџис, американскиот бек и во следните четири години ќе го носи дресот на Њујок Никс откако договори продолжување на соработката со нов договор вреден 150 милиони долари во овој период.
Бриџис е еден од најважните кошаркари на оваа франшиза во походот кон шампионскиот трофеј. Минатата сезона бележеше просек од 17.6 поени, 3.7 асистенции и 3.2 скокови по натпревар.
Бриџис е познат по тоа што нема пропуштено натпревар во колеџ и НБА кариерата. Во најсилното кошаркарско првенство досега настапи на 556 натпревари носејќи го дресот и на Феникс и Бруклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

