НБА тргнува во напад: Силвер се сретна со Реал Мадрид

Работите почнаа да се движат кога станува збор за намерата на НБА да го базира своето натпреварување на Стариот континент. Конкретен чекор беше направен со средбата на првиот човек на најсилната лига во светот, Адам Силвер, со претставниците на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.

Како што објавува „Атлетик“, средбата се одржала во Париз. Ова е само една во низата средби со потенцијални инвеститори и клубови кои би учествувале во новиот проект.

Покрај Реал Мадрид, Барселона, Асвел и Фенербахче моментално се во најтесниот круг на интересни тимови за НБА. А се очекува делегацијата од НБА да се сретне и со претставниците на берлинска Алба. Можна е и средба со катарскиот инвестициски фонд кој е сопственик на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...