Веќе нема дилема: Дончиќ постигна нов договор со ЛА Лејкерс

Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ ги реши сите дилеми за неговата иднина потпишувајќи нов тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс според кој ќе заработи 165 милиони долари.

Дончиќ влегуваше во последната година од актуелниот договор кој беше превземан по трејдот во Далас па во американските медиуми се јавија разни гласини за заминување од тимот кое нема да се случи.

Во летото 2028 година Дончиќ самостојно ќе одлучува за неговата одлука според договорот со ЛА Лејкерс.

Ова продолжување му донесе можност за максимална заработка од 417 милиони долари на почетокот на 2028 година.

Се вчитува...