Големото срце на Дончиќ: Лука донираше пет милиони долари…

Лука Дончиќ го стави својот потпис на новиот тригодишен договор со Ла Лејкерс со кој извонредниот словенечки кошаркар ќе заработи 165 милиони долари..

Веднаш по потписот на новиот договор Словенецот обелодени и дека се решил да донира пет милиони долари за помош на млади спортисти ширум светот.

„Денеска потпишав нов договор со ЛА Лејкерс, горд сум што ќе продолжам да работам на освојување на шампионски прстен со тимот од Лос Анџелес… Исто така денеска донирам пет милиони долари како би им помогнал на 77 млади спортисти ширум светот да продолжат да ги следат своите соништа исто како што тоа го направив и јас на почетокот на кариерата… Кошарката ми даде се и среќен сум што можам да возвратам и да и помогнам на следната генерација“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...